Полицаец од пограничната полиција позитивен на коронавирусот

Полицаец од пограничната полиција, кој бил на должност на јужната граница на нашата држава, по враќањето во Унгарија бил тестиран и е позитивен на коронавирусот.

– Вчера биле направени анкети на триесетина странски полицајци на јужната граница и 30 наши, кои биле во контакт со полицаецот кој заминал. Анкетите се завршени и издадени се решенија за изолација, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Во изминатото деноноќие во Македонија од 868 тестирања има 67 позитивни пациенти, додека еден пациент починал. Шест пациенти се примени на Инфективна клиника, а во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 27 пациенти, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во Дом за стари лица во Ченто и Кадино има две позитивни штитенички и тројца вработени, а позитивен е полицаец од Унгарија кој е на работна задача во земјава, па околу 30 полицајци кои биле со него ќе се тестираат, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот