ПОЛИЦАЕЦ-ХЕРОЈ: Спасил живот на бебе старо само 12 дена (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

ПОЛИЦАЕЦ-ХЕРОЈ: Спасил живот на бебе старо само 12 дена (ВИДЕО)

Кога полицаецот го запрел возилото, возачот излегол од автомобилот и му објаснил дека брзаат бидејќи нивното дете престанало да дише.

Еден полицаец во Јужна Каролина минатиот месец спасил живот на бебе старо само 12 дена, откако запрел еден автомобил поради пребрзо возење.

Полициската станица од Јужна Каролина објави видео од целиот настан, кој се случил нa 11 јуни во округот Беркли. Настанот бил снимен од камерата поставена на униформите на полицајците во тој регион, информира Си-Ен-Ен.

Кога полицаецот го запрел возилото, возачот излегол од автомобилот и му објаснил дека брзаат бидејќи нивното дете престанало да дише.

Телото на бебето имало сина боја поради недостиг на кислород. Полицаецот веднаш реагирал и почнал да го масира срцето на бебето, пружајќи му прва помош.

– Ајде бебенце, заплачи за мене, заплачи за мене. Отвори очи, душо –  на видето може да се слушне како му вели полицаецот на бебето.

Кога бебето почнало да плаче, полицаецот ѝ рекол на мајката дека сега ќе биде се во ред.

– Мислам дека ќе биде во ред. Тоа дише“ – ја охрабрил полицаецот мајката.

Бебето почнало само да дише, а на местото стигнала и брза помош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close