Полициските хеликоптери фрлија над 105 тони вода врз пожарите кај Семениште, Јасен и Светиниколско
Хеликоптерите на Одделот за воздухопловни единици на МВР фрлија преку 105 тони вода врз пожарите кај селото Семениште, Јасен и Светиниколско.
-Хеликоптерот Ми-171 дејствуваше во реонот на Св.Николе-Пробиштип и Јасен, а хеликоптерот Бел-412 дејствуваше во реонот на Сарај, кај село Семениште – соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Пожарот кај селото Патетино, Свети Николе попладнево повторно се активираше, откако синоќа околу полноќ беше објавено дека е изгаснат целосно.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кој го нарече пожарот „монструм“ ја пофали пожртвуваноста на пожарникарите од Свети Николе и несебична подршка на едни од најдобрите македонски пожарникари – велешките пожарникари, како и неколку локални доброволци под команда на храбриот командир на ТППЕ Свети Николе.
ВИДЕО: Повторно активиран пожарот кај селото Патетино во Свети Николе
Активни девет пожари, гаснењето на пожарот на Осоговските планини се одвива тешко