Полицијата заплени три илјади петарди и ракети во Каратманово

Фото: МВР

МВР соопшти дека се запленети над 3.000 парчиња пиротехнички средства во селото Каратманово, во општината Лозово.

„По претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена наредба за претрес, денеска (23.12.2021) е извршен претрес кај З.Р. (55) од с.Каратманово, општина Лозово во врска со недозволена трговија со пиротехнички средства, при што пронајдени се над 3 000 парчиња пиротехнички средства“, се вели во полициското соопштение.

По целосно документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот