Полицијата заплени половина тон тутун и над 2000 парчиња електронски цигари

Полицијата заплени половина тон тутун и над 2000 парчиња електронски цигари / Фото: Царинска управа

Во заедничка акција на инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа со Одделот за крим полиција – Сектор за економски криминал и корупција на МВР, и инспектори од Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција се запленети речиси половина тон тутун за наргиле, електронски цигари и течност за електронски цигари.

-Вчера на неколку локации во Скопје во рамки на координираната акција, беше извршена контрола во која беа откриени и запленети необележани акцизни производи без акцизни маркички, од кои 454 килограми тутун за наргиле, 2.290 парчиња електронски цигари со содржина од 15.130 милилитри течност за електронски цигари, информираа денеска од Царинската управа.

Со оваа заплена бил спречен обид на пуштање во слободен промет на акцизна стока за која е избегнато плаќање на давачки од вкупно 2,5 милиони денари.

-Запленетата стока согласно законските прописи ќе биде предадена во Агенцијата за управување со одземен имот, а против инволвираните правни и физички лица се поднесени соодветни пријави до надлежните институции, велат од Царинската управа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот