Полицијата заплени 30 килограми риба во близина на Струга

Риби
Фото: МИА

Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионален центар Запад денеска запленија 30 килограми свежа риба кај албански државјанин на стариот пат Охрид – Струга, во близина на местото викано „Сатеска“.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека рибата е пронајдена во авомобил „опел зафира” со албански регистарски ознаки.

– При извршен преглед на патничко моторно возило „опел зафира” со албански регистарски ознаки, управувано од Ј.А. (52), државјанин на Република Албанија, кај месноста Сатеска, во близина на Струга, беа пронајдени и запленети се 265 парчиња свежа риба, со вкупна тежина од околу 30 килограми. Рибата била сокриена во багажниот простор на возилото, изјави Димоски.

Според него, против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот