Полицијата упадна во седиштето на партијата на Себастијан Курц и изврши претрес на неговите соработници

Австриската полиција изврши акција во седиштето на владеачката партија, на актуелниот австрискиот канцелар Себастијан Курц, објавија австриските медиуми.

Австриска полиција/ Фото ЕПА

Полициските претреси започнале во раните утрински часови, а партијата на канцаларот Курц, ОВП оцени дека се работи за „политички притисок“. Лидерот на партијата во моментов е во Словенија, на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц/ Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Австриските медиуми наведуваат дека полицијата упаднала и во куќите на најблиските соработници на Курц – портпаролот на партијата Јоханес Фришман, координаторот за медиуми Џералд Флајхман и главниот стратег на партијата Штефан Штајнер.

Претреситеполицијата ги извршила во канцелариите на федералниот канцелар и во седиштето на партијата.

Полиција Виена/ Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Според медиумите, претресите имаат врска со парламентарната истражна комисија за корупциската афера „Ибица“ и истрагата во врска со „Казиното на Австрија“. Виенски „Прес“ тврди дека истрагата се води поради наводното плаќање за лажирање на анкетите на јавното мислење во дел од медиумите

Австриска полиција/ Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Од партијата на австрискиот канцелар соопштија дека биле претресени и имотите на неколку луѓе и бизнисмени блиски до владеачката австриска партија

Партијата на Курц изрази и изненадување што плановите за ваквата акција полицијата им ја најавила на новинарите пред неколку недели, па денеска речиси сите медимски куќи ја пренесуваа и известуваа за полициската акција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот