Полицијата упадна во куќата на Мерилин Менсон: Имал „соба за мачење“, еве што изнеле од неа

мерилин менсон
ФОТО: Инстаграм

Властите во понеделникот го претресле домот на контроверзниот пејач Мерлин Менсон во Западен Холивуд како дел од истрагата за тврдењата за сексуален напад и сексуално злоставување, се вели во извештајот, пишува „Њујорк пост“.

Детективите на Специјалните единици за жртви во понеделникот влегле во куќата со налог за претрес и заплениле твди дискови и единици за складирање документи, кои ќе бидат прегледани пред случајот да биде поднесен до обвинителот на Лос Анџелес.

Менсон не бил во домот кога инспекторите од Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес влегле да го извршат налогот, според ТМЗ, кој се повикува на извори од органите за спроведување на законот.

Властите ги отстраниле „медиумските единици“ од домот на Менсон, се вели во извештајот.

Портпаролката на канцеларијата на шерифот рекла дека е запознаена со извештајот, но не можела да го потврди претресот или да понуди какви било детали во понеделникот вечерта.

Иако Менсон во тоа време не бил дома, тие ги земале сите технолошки апарати на кои евентуално нешто би можело да биде снимено.

Детективите од канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес почнаа да го истражуваат Менсон поради извештаите за семејно насилство помеѓу 2009 и 2011 година, каде во тоа време живеел, а поради кои го пријавила неговата поранешна девојка, актерката Еван Рејчел Вуд.

Да потсетиме, бројни луѓе сведочеа против музичарот, а во едно сведочење е објавено дека тој имал „соба за силување“.

Менсон, чие вистинско име е Брајан Варнер, повеќе од 15 жени го обвинија за сексуално и физичко злоставување.

Идентитетите на сите жени вклучени во случајот не се откриени, но неколку од нив оваа година јавно изјавија дека Менсон физички, сексуално и емоционално ги злоставувал, а некои поднесоа тужби.

Жртвите изјавиле дека Менсон наводно ги заклучувал во мала, звучно изолирана стаклена просторија во куќата, која ја нарекол „соба за лошите девојки“. Жртвите утврдиле дека просторот го користел како самица за психичко мачење на жените.

– Прво собата ја опиша како „многу кул“, а подоцна ја опиша како исклучително казнива. Прво се борев, но тој во тоа уживаше. Научив да не се борам, за да не му пружам уживање, само талкав со мислите. Кога врескав, никој не ме слушаше – рекла девојката по име Ешли Морган Смитлајн.

Мерилин Менсон се предал на полицијата по обвинението дека плукнал на снимателка и пуштен со кауција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот