Полицијата уапси тројца дилери во Битола, еден е од Саудиска Арабија

Фото: илустрација

Битолската полиција денеска ги уапсила Г.К.(32), С.Г.(43), двајцата од Битола и Х.М.(33) од Саудиска Арабија, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и други предмети.

„Истиот ден од страна на полициски службеници при СВР Битола извршен е претрес во домот на Г. К на улица „Партизанска” во Битола при што пронајдени и одземени се грутчеста материја, прашкаста материја, растителна материја, 18 семки, дробилка, ризли и други предмети“, информираат од МВР.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Видео на денот