Полицијата уапси ограбувач на обложувалници

Обложувалница / Фото: EPA/TOLGA BOZOGLU

Денеска во скопско Ново Село, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(26). Тој се сомничи дека во периодот од 24.2.2021 до 21.5.2021 со закана од вработени во четири обложувалници на улиците „Митрополит Tеодосиј Гологанов”, „Орце Николов” и „Никола Тримпаре” во Скопје одзел пари.

При претрес во неговиот дом во Ново Село, извршен утрово со судска наредба, билe пронајдени предмети поврзани со кривичните дела. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот