Полицијата трага по убиец заради тројно убиство на студентки на југо-истокот од Русија

Руската полиција почна потера по 30-годишен маж, откако три млади студентки се убиени во градот Гаи, во југо-источниот дел на земјата, јави ДПА.

Лицето се смета за осомничено за случајот со тројното убиство, јави денеска полицијата од регионот Оренбург, на повеќе од 1.200 километри југоисточно од Москва.

Во соопштението се наведува  дека жртви биле студенти по медицина, на возраст од 17, 18 и 19 години, кои живееле во ист стан.

Две тела се откриени за време на операција на гаснење пожар, додека трето телот било пронајдено надвор од куќата во градот Гаи, додава германската агенција .

Според иследниците, врз телата биле забележани траги на насилство. Според извештаите на медиумите, младите жени биле избодени до смрт, најверојатно во четвртокот, по што станот бил опожарен за да се прикријат доказите.

Полицијата соопштува дека осомничениот бил ослободен од затворски камп пред само три месеци.

Засега не се јасни припините за тројното убиство.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот