Полицијата со превентивни активности за заштита од пожари и побезбеден сообраќај

Фото: МВР

Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштитата на шумите од пожари вчера беа реализирани на подрачјата под надлежност на Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола и Штип и РЦГР Север, информираат од МВР.

– На подрачјето на СВР Скопје, поточно во реоните на селата Орман и Никиштани, беа спроведени превентивни активности од кампањата за заштита на шумите од пожари, додека пак на подрачјето на СВР Штип, односно во Делчево, ОВР Делчево ја реализираше акцијата под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“, соопштуваат од Министерството.

Полициски службеници од СВР Битола, односно од ОВР Прилеп, Крушево и Ресен, на подрачјето на Прилеп, Крушево и Ресен спровеле едукативно-превентивни активности во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот, фокусирајќи се на правилното паркирање, на заморот како проблем во сообраќајот и на безбедноста на пешаците.

– Вчера и полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, поточно од ПС за ГП и ГН Пелинце на подрачјето на оваа организациска единица, спроведоа едукативни активности во насока на превенција од шумски пожари, известуваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот