Полицијата со полни раце работа: Апсеше наркодилери, насилници и крадци

Полиција / Фото: МВР

Вчера и денес полицијата уапси неколку наркодилери, насилници и крадци на целата територија на нашата држава, информира Министерството за внатрешни работи.

ЕВР Кисела Вода поднесе кривична пријава против Р.М. (21) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени 15 кривични дела, од кои 11 дела „тешка кражба“ во возила и четири дела „тешка кражба во обид” во возила. Тој, во периодот од 22.00 часот на 14.3. до 6.00 часот 15.3.2021 извршил 11 кривични дела „тешка кражба” од такси возила и четири кривични дела „тешка кражба во обид“ од такси возила, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 22 800 денари и причинил материјална штета од околу 76 500 денари. Веднаш биле преземени мерки и за него била распишана потерница, а на 08.5.2021 тој бил лишен од слобода на Граничен премин „Табановце“, по што бил спроведен во полициска станица каде што ги признал делата и го појаснил начинот на извршување.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.С. (26) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. При претрес во неговиот дом во Кичево биле пронајдени и одземени 13 ќеси со марихуана. На него му била одредена мерка притвор и бил спроведен во Казнено поправната установа „Затвор Битола”.

Денес од страна на полициски службеници од Полициска станица Центар е лишен од слобода З.Т. (43) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба во обид“ од продажен објект во трговски центар на подрачјето на Центар, сопственост на Љ.Г. (70). Тој бил приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода П.В. (43) од струшкото село Велешта затоа што на Градскиот пазар во Струга го нарушил јавниот ред и мир и се обидел да го нападне со остар предмет А.Ч. (72) од Струга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот