Полицијата санкционира 180 возачи за брзо возење

Полицијата изминатото деноноќие санкционира 180 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената.Од нив 55 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 125 надвор од населено место.
„Во текот на вчерашниот ден (28.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 180 возачи.Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 55 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 125 надвор од населено место“, информираат од МВР.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.