Полицијата пронајде автоматска пушка во домот на арачиновец

Фото: МВР / илустрација

26-годишен арачиновец доби кривична пријава откако при претрес на неговиот дом, полицијата пронашла автоматска пушка и 16 куршуми, соопшти МВР.

„Денеска (09.09.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни информации и судска наредба, извршија претрес во дом на Ш.О. (26) од Арачиново. При претресот е пронајдена автоматска пушка МП-40, една рамка за пушката и 16 куршуми. Ш.О. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство“, се вели во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот