Полицијата приведе седум лица кај кои била пронајдена марихуана

Канабис / Фото EPA-EFE/Sáshenka Gutiérrez

Полицијата во текот на вчерашниот ден привела седум лица кај кои била пронајдена марихуана.

Како што може да се забележи во полицискиот билтен, пет лица биле приведени во Скопје додека пак двајца биле приведени во Тетовско.

Еден од приведените бил и малолетник, додека пак другите биле на возраст од 20 до 31 година.

„Против приведените, по целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок“, информираат од МВР.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот