Полицијата приведе седум лица кај кого била пронајдена марихуана

Канабис/ Фото EPA-EFE/Ana Escobar

Полицијата вчера приведе седум лица кај кои била пронајдена марихуана.

Како што информираат од МВР, шест лица биле приведени во Скопје а едно лице во Валандово.

Ноќеска, во 01.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(18) од Куманово.

Два часа претходно во 23.30 часот, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(22) од Скопје.

Вчера во 17.10 часот исто така на подрачјето на Центар, бил приведен и триесет и едногодишниот Р.М. од Скопје.

Во 13.25 часот пак во Аеродром, бил приведен дваесет и седумгодишниот А.А. од Германија, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

Во 12.50 часот во Скопје, во Ѓорче Петров, бил приведен триесетгодишниот С.О. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Исто така во Ѓорче Петров, бил приведен и дваесет и едногодишниот М.С. од Скопје.

Вчера во 19.45 часот во Валандово, полицијата го приведе дваесет и осумгодишниот Р.К. од село Градашорци, струмичко, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

„По целосно документирање на случаите против лицата ќе следува соодветен поднесок“, информират од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот