Полицијата претресе куќи во тетовското село Порој, најде две ловечки пушки и „Хеклер“

Тетовската полиција попладнево претресе куќа во селото Порој, каде пронајде две ловечки пушки и „Хеклер“, соопшти МВР.

„Денеска (21 јануари) од 16 часот и 15 минути до 18 часот и 50 минути , со судски наредби, извршени се претреси во домовите на Н.А.(24) и неговиот роднина Р.Л.(27) во тетовски Порој. Притоа, во домот на Р.Л. пронајдени се три парчиња огнено оруже: 2 ловечки пушки, од кои една од американско производство и “хеклер”, над 170 куршуми од различен калибар, елек, футрола, ремен и 13 пакувања со остатоци од бела прашкаста материја.Р.Л. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово“, се вели во полициското соопштение.

По целосно расчистување на случајот, во консултација и координација со Јавен обвинител, Р.Ј. во текот на утрешниот ден, со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот