Полицијата од Сомбор заплени 53 рачни бомби кај 72-годишен маж

Српска полиција/Фото: МИА

Српската полиција заплени 53 рачни бомби во Сомбор и го уапси човекот во чија куќа тие беа пронајдени, објави денеска локалната полициска администрација, пренесува Бета.рс.  

Во куќата се пронајдени и пиштол и муниција од различен калибар, 28 грама супстанција за која постои сомневање дека е кокаин, 27 таблети и вага за прецизно мерење.  

Уапсениот М. Г. (72) од Сомбор е осомничен за сторени кривични дела недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет наркотични средства.  

Тој беше 48 часа во притвор, а потоа изведен пред обвинителот, додаде полициската управа во Сомбор, во соопштението објавено на веб -страницата на Министерството за внатрешни работи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот