Полицијата му забрани на Рики Мартин да му се приближува на поранешното момче: Не сака да го прифати раскинувањето

Фото: Профимедиа

Судот и полицијата во Порторико му наредиле на на познатиот пејач Рики Мартин да не му приоѓа на поранешниот партнер, откако неименувано лице пријавило во полиција дека Рики го вознемирува, соопшти полицијата.

Наредбата беше потпишана во петокот, откако надлежните се обиделе да го најдат пејачот за да му го врачат налогот, но во тоа не успеале.

Рики Мартин со брачниот партнер/ Фото: Профимедиа

Не е познато кој ја побарал забраната и не се објавени детали, бидејќи наредбата е поднесена според законот за семејно насилство во Порторико, кој подразбира целосна анонимност.

Весникот „El Vocero“ пишува дека во наредбата стои дека Мартин и другата страна биле во врска седум месеци пред да раскинат – пред два месеца.

Во извештајот се цитира дел во кој тужителот тврди дека Мартин не ја прифатил разделбата и бил виден во близина на неговата куќа најмалку три пати по раскинувањето.

Со наредбата му се забранува на Мартин да го контактира или да му се јави со лицето коешто го тужело, а судијата подоцна на рочиштето ќе одлучи дали наредбата треба да остане во сила или да биде укината.

Инаку, пејачот Рики Мартин е во брак со 12 години помладиот Џозеф, а тие двајца имаат четири деца кои им ги роди сурогат-мајка.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Зошто имаме двајца татковци? Еве како Рики Мартин им одговорил на синовите на ова прашање!

Поранешната менаџерка го тужи Рики Мартин за 3 милиони долари

„Морам да најавам дека сме бремени“: Рики Мартин и сопругот го очекуваат четвртото дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот