Полицијата и војската на Еквадор направија акција во затвор во Гвајакил, поради насилствата во затворите изминатиот период

затвор во гвајакил еквадор бунт
Акција на полицијата на Еквадор/ Фото: Принтскрин / Ројтерс Видео

Поради немирите, 1000 припадници на полицијата и војската на Еквадор направија акција во затвор во јужниот дел од земјата, во градот Гвајакил, соопштија официјалните претставници во саботата, пренесува Ројтерс

Регионалниот затвор Гвајас се наоѓа веднаш до затворот „Пенитесиарија дел Литорал“, каде што 118 затвореници беа убиени во најлошото насилство во земјата досега во оваа недела. Еквадор трпи бран насилство во своите затвори, во кои се сместени околу 39.000 луѓе, а официјалните лица ги обвинуваат битките за контрола меѓу криминалните групи.

Во затворското насилство, исто така, загинаа 79 лица во февруари и 22 во јули.

„Како резултат на овие акции, запленети се огнено оружје, муниција и забранети предмети“, соопшти еквадорскиот затворски орган СНАИ за операцијата на војската на Твитер.

Кога влегле во затворот, полицајците и воениот персонал пронашле четворица затвореници кои биле повредени за време на судирите меѓу затворениците, рече полицискиот командант Тања Варела.

„Кога влеговме во максималните (безбедносни) крила, бевме преечекани со куршуми“, изјави Варела за новинарите.

Полицијата, исто така, уапси седум наводни членови на криминална банда што планирале да внесат оружје и униформи слични на оние што ги носеле чуварите во затворот, рече таа.

Уапсените беа фатени за време на состанокот во Гвајакил за да разговараат за плановите и други злосторства, рече таа, и тие можеби планирале да нападнат чувари или затвореници.

Извор: Ројтерс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот