Полицијата и обвинителството 40 дена не можат да ги извадат сликите од секс-кампот од мобилен телефон?!

Илустрација: Извидници / Фото: Архива на „Слободен печат“

Речиси 40 дена откако родители пријавија дека во скопско се одвивал скандалозен извиднички камп со сексуална едукација, полицијата и обвинителството, не се ни на почетокот на расветлување на случајот. Во постапката одземен беше мобилен телефон на еден од организаторите на кампот за да се провери какви содржини има во него, но според информациите што „Слободен печат“ ги доби од Основното јавно обвинителство, досега воопшто не е направена ни екстракција на овие податоци од одземениот телефон. Не е покренато обвинение и според Обвинителството, не се завршени активностите што јавниот обвинител наредил да ги спроведе Министерството за внатрешни работи.

,,До Основното јавно обвинителство Скопје се уште не е пристигнат извештај од Министерството за внатрешни работи за постапувањето по издадените наредби од јавниот обвинител. Вештачењето, односно екстракцијата на податоци од одземениот мобилен телефон се уште трае. Секоја одлука на надлежниот обвинител во предметот ќе биде донесена откако ќе бидат направени сите неопходни проверки и утврдени сите факти. Одлуката ќе биде во целост заснована на материјалните докази обезбедени со преземените дејствија”, велат од Обвинителството.

Скандалот со извидничкиот камп го откри родител на малолетничка која учествувала на кампот. Девојче мораше да оди на психолог од траумите што ги доживеала од несоодветната сексуална едукација. На дел од децата на кампот им биле зададени активности кои вклучувале боење на половите органи и оставање на отпечатоци од нив на хамер, набројување на бројот на сексуални партнери, симулирање на секс пози во близина на манастир, како и изведување настапи на рок песни каде една од учесничките била без облека на горниот дел од телото. Според нашите неофицијални информации, овој настап бил снимен на еден од мобилните телефони на организаторот, меѓутоа полцијата и обвинителството и по 40 дена не успеваат да извршат нивна екстракција од телефонот.

По оваа обука, бројни организации, вклучувајќи го и Градот Скопје, се дистанцираа од организаторот на настанот, Прв скопски извиднички одред. Десетина деца се отпишаа од извидничкиот одбор, а тој самиот беше исклучен од федерацијата на извидници. Меѓутоа, формално правна разрешница на случајот нема, и покрај тоа што повеќе родители заедно со нивните деца во полициска станица дадоа исказ за несоодветните активности кои се случувале на овој камп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот