Полицијата апелира да се вози прописно, денеска казнети 72 возачи во Прилеп

Сообрќајна полиција / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Седумдесет и двајца возачи се санкционирани денеска од 10 до 14 часот во акциска контрола која ја спроведоа заеднички Секторот за сообраќајни работи при одделот за униформирана полиција, Бирото за јавна безбедност и мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата на територијата на ОВР Прилеп. Санкциите се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 72 возачи, од кои 34 за возење без возачка дозвола, 5 возачи под дејство на алкохол, 5 возачи кои управуваат моторцикли без заштитен шлем, 2 возачи кои управуваат моторни возила со несоодветна категорија дозвола, 3 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 4 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла) , 2 за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки, 1 возач кој што врши јавен превоз на патници а притоа не поседува валидно лекарско уверение.

Изготвено е и едно барања за поведување на прекршочна постапка на правни и одговорни лица.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот