Полицајци спасија девет лица кои се изгубиле на Попова Шапка

Попова Шапка
Попова Шапка / Фото: МИА

Двајца тетовци на возраст од 15 и 19 години во СВР Тетово денеска во 10 часот и 30 минути пријавиле дека поради неповолните временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на новиот ГЕ ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат.

– Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и екипи од „Елем Турс” веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и уште седум други лица од Скопје, Куманово и соседно Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон, информираа од МВР.

Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, околу 12 часот и 30 минути се безбедно вратени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот