Полицајци сакале да уапсат криминалец кој требало да лежи затвор, а тој ги прегазил

Полиција/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На 12.07.2021 во 14.30 часот во Скопје, на ул.„Љуботенски пат“, од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода – Отсек потраги, во содејство со Единица за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Р.С.(40) од с.Љуботен, скопско, кој управувал патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки.

За него биле распишани централна и меѓународна потерница за доиздржување на казна затвор од 2 години 11 месеци и два дена. Р.С. е осуден на вкупна затворска казна од 5 години и 8 месеци, во врска со чл.418 од Кривичниот законик.

Притоа, при запирањето, Р.С. удрил со возилото двајца полициски службеници, кои се здобиле со полесни повреди. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот