Полицајци на ГП Блаце земале по 20 евра мито, МВР работи на расчистување на случајот

Фото: Драган Митрески

Министерството за внатрешни работи соопшти дека интензивно се работи на расчистување и санкционирање на случај со земање мито од страна на полициски службеници на граничниот премин Блаце.

– Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце. По расчистување на случајот и санкционирање на сторителите, соодветно ќе ја информираме јавноста, стои во соопштението на МВР.

Албанската телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп” објави видео на кое се гледа како раководител на смена на граничниот премин Блаце зема мито од 20 евра од автобус со државјани на Албанија кои ја минуваат границата. Случајот го пријавил албански бизнисмен.

„Јас сум албански бизнисмен кој превезува автомобили и луѓе внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме македонската царинска полиција. Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по автомобил. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра“, открива бизнисменот за Клан.

Според новинарскиот извештај, екипата на „Стоп“ потоа заминала на граничниот премин Блаце за да ја открие тамошна корупција, а од новинарската екипа бил побаран поткуп од 20 евра по човек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот