Полицаецот кој претепа Ром во Битола доби една година затвор

Фото: принтскрин/колаж: Слободен печат

Една година затвор доби полицаецот од Битола кој учествуваше во претепување на граѓани-Роми во Битола пред две години, информираат од Македонското здружение на млади правници. Скопскиот кривичен суд во повторената постапка го прогласил полицаецот за виновен, откако Апелациониот суд ја укина пресудата и го врати случајот на повторно одлучување.

Станува за збор за настанот кој се случи во септември 2020 година, кога полицајците, како што се виде на тогаш објавената видеоснимка, употребија прекумерна сила врз група Роми, откако синот на тепаниот Невзат Јашаровски, возејќи автомобил, удрил во бандера.

-Додека оштетениот бил легнат на земја, обвинетиот го удирал со клоци и тупаници по телото во пределот на главата, по рацете, нозете и грбот, со што употребил прекумерна сила и спрема оштетениот постапил на начин на кој се понижува човечкото достоинство и човечката личност, се наведува во пресудата.

Од Здружението на млади правници велат дека пресудата е од големо значење, поради тоа што е меѓу првите првостепени пресуди каде се изрекува ефективна казна затвор за полициски службеник поради употреба на прекумерна сила.

Протестни маршови одржаа Ромите од Битола, против полициското насилство, но и колеги и граѓани од градот протестираа во знак на поддршка на полицаецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот