Полицаец злоупотребил боледување за да агитира за ВМРО-ДПМНЕ

Полиција / Фото: МИА

Министерството за внатрешни работи води постапка против тројца полицајци од Скопје затоа што агитирале за ВМРО-ДПМНЕ иако тоа е забрането и со закон и со кодексот на полициските службеници, дознаваме од извори во полицијата. Дури едниот полицаец земал боледување затоа што наводно бил болен, но не бил болен за да агитира на 17 октомври во корист на опозицијата.

На прашање до МВР во врска со овие случаи, од таму потврдуваат велат:

„Поради злоупотреба на боледување од страна на полицискиот службеник А. А., кој на денот на изборите бил затекнат и легитимиран од полициски службеници на три различни локации во градот додека користи боледување, поднесена е иницијатива за поведување на дисциплинска постапка. Исто така против А.А., но и против полициските службеници Ф.Г. и А.Р. , поради постапување спротивно на одредбите од Етичкиот кодекс на работниците во Министерството, Внатрешната контрола на МВР поднесе иницијативи за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот