Полицаец во Конго уби студент затоа што не носел маска

EPA-EFE/Hugh Kinsella Cunningham

Полицаец во Киншаса, Демократска Република Конго, убил студент затоа што не носел заштитна маска при снимање видео, објавија денеска медиумите.

– Нашиот колега Оноре Шама, студент по литература на Универзитетот во Киншаса, снимаше видео како дел од практична работа поврзана со жанрот комедија. Полицаецот му рекол да стави маска, но и покрај објаснувањата и откако ја ставил маската, полицаецот се налутил бидејќи очекувал да добие пари и го обвинил за пружање отпор, по што пукал во него од непосредна близина, рече очевидец на настанот, исто така студент, Петиент Одија.

Началникот на полицијата во Киншаса изјави дека полицаецот е во бегство. „Потрагата по него продолжува“, рече Силвано Касонго.

Носењето маски во Конго е задолжително, а кршењето на прописите се казнува со 10 000 конгоански франци или пет американски долари.

Како што јавуваат медиумите, полицајците во Киншаса редовно ги малтретираат луѓето и бараат пари за казна, без да издадат потврда за плаќање.

Од избувнувањето на пандемијата во март 2020 година, во Конго се пријавени 47 786 случаи на инфекција и 1020 смртни случаи.

Вакцинацијата е прекината од 19 јули, бидејќи поминал рокот на вакцината „Астра-Зенека”.

Видео на денот