Полицаец во Јапонија се опијанил и ја изгубил торбата со истражни документи на над 400 луѓе

полицаец
Полицаец, Јапонија / Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Според јапонски медиуми кои се повикуваат на полициски службеници, дотичниот полицаец излегол на по некој пијалак со своите колеги и заспал додека си одел дома, пренесува „JapanTimes“.

49-годишниот полицаец од западниот регион Хјого во Јапонија, откако се опијанил и заспал на улица во саботата вечерта, ја изгубил торбата во која имало истражни документи на над 400 лица, меѓу кои и на луѓе кои се осомничени за криминал, соопшти локалната полиција.

Документите содржеле имиња и адреси, соопшти јапонската полиција, без да даде дополнителни детали.

Според водечките јапонски медиуми кои се повикуваат на полициски службеници, дотичниот полицаец излегол да пие со своите колеги и заспал додека си одел дома. Кога се разбудил во близина на железничката станица, не можел да ја најде торбата со документи, во која имало информации за 400 луѓе.

Сепак, ова не е прв ваков случај. Имено, јапонските власти во Амагасаки тврдат дека еден маж изгубил УСБ со лични податоци на дури 460.000 жители, откако се напил и заспал на пат кон дома. За среќа, УСБ-то го нашле ден откако пријавиле дека е изгубено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот