Полета најголем патнички авион со два мотори (ВИДЕО)

фото: Принтскрин

Моделот „777 X“, кој чини 422,2 милиони долари, иако компаниите често добиваат попусти, ќе може да превезе 426 патници.

Претставникот нa новата генерација на широкопојасни авиони, „Боинг 777 X“, успешно го заврши својот прв лет.

Така, тој донесе неколку добри вести во американската компанија, која претрпе големи удари по несреќите на двата „737 Макс“ авиони во минатата година.

Лошите временски услови го одложија првото полетување на најголемиот авион на светот со два мотори од Пејн Филд близу Еверет, Вашингтон, во четвртокот.

Првиот лет е дел од тестовите што ќе се одржат за да се добијат безбедносните дозволи и одобренија, кои сигурно ќе бидат уште построги со оглед на ситуацијата со моделите „737 Макс“, кои не летаа уште од март по двете несреќи во кои загинаа 346 лица.

„Боинг“ се надеваше дека „777 X“, претставен во „Дубаи Ершоу“ во 2013 година, ќе полета минатата година, но компанијата се соочуваше со одложувања поради проблемите со производството на агрегатот „ГE9 екс“, најголемиот мотор за авиони во светот.

Најголемиот авион со два мотори досега направен има распон на крилја од неверојатни 71,6 метри и е малку подолг од легендарниот „Џамбо-џет“, кој полека излегува од употреба, бидејќи авиокомпаниите се одлучуваат за авиони со два мотори за помала потрошувачка на гориво.

Моделот „777 X“, кој чини 422,2 милиони долари, иако компаниите често добиваат попусти, ќе може да превезе 426 патници.

Сепак, нарачките за авионите се намалија и неколку авиокомпании потпишаа договори со ривалот „Ербас“ за купување на „А321 Екс-Ел-Ер“.

„Боинг“ имаше 344 нарачки до крајот на третиот квартал од минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот