Полесно повредени во сообраќајки поради снегот во тетовско

Фото: Миа.мк

Поради снежните врнежи и појава на голомразица тетовската полицијата попладнево бележи неколку излетувања на возила од коловозните ленти и сообраќајни незгоди со полесно повредени. Таква сообраќајка се бележи на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај Порој околу 18 часот.

-Во судир на две патнички возила повредени се четири лица, кои се пренесени во тетовската Клиничка болница. По укажување на лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување. Поради снегот има и неколку излетувања на автопатите кон Скопје и Гостивар, како и низ тетовските улици, но без поголеми последици, информира Марјан Јосифоски, портарол на СВР Тетово.

Поради долготрајните врнежи од снег, од СВР Тетово апелираат за поголема внимателност поради зголемен ризик за случување сообраќајни несреќи. Воедно задолжително да поседуваат и користат зимска опрема и да ја приспособат брзината според условите на патиштата особено ако се патува до зимските центри како Попова Шапка и Маврово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот