Полемика во Франција откако комесар за пензии заборавил да пријави конфликт на интереси

Високиот комесар за пензиите Жан Пол Делевој со својата „небрижност” и заборавањето да пријави конфликт на интереси предизвикаа полемика во Франција, во контекст на затегнатоста и социјалниот конфликт што владее со реформата на пензискиот систем, јавува дописникот на МИА.

Според пишувањето на весникот „Паризиен”, Високиот комесар за пензии, Жан Пол Делевој, не навел за неговата декларација за интереси дека има висока позиција, неговата волонтерска улога како администратор на Ифпас, (Институтот за обука на професијата за осигурување). Институтот во своите редови има многу директори од компании во осигурителниот сектор и на дополнителните осигурувања. Делевој се брани во дневниот весник дека ова е „пропуст поради заборавање”.

Сепак, тоа не е доволно за да се отстранат сомневањата за потенцијални судири на интереси. Според анкетираните директори на осигурителните компании, истите би биле „многу заинтересирани” за тековната пензиска реформа и „врските” со високиот комесар би биле „вредни”. Случајот доаѓа во најлошиот момент за време за ЖанПол Делевој, кога неговата реформа предизвика штрајк низ целата земја веќе пет дена по ред. Овие нови откритија на печатот, сигурно дека ќе влијаат на одмерувањето на силите меѓу синдикатите и владата.

-Ифпас е волонтерска функција, скоро никогаш не одам таму затоа што немам време. Не знам ништо за обуката на осигурителните професии, се брани Делевој. Високиот комесар уверува дека се консултирал со „службениците за етика” за другите функции, но не и за неговата улога како администратор во Ифпасс.

-За мене не беше важно. Јас ја наполнив оваа изјава сам. Ако има недоследност, јас ќе го коригирам и ќе си дадам оставка од овој исклучително слаб мандат. Но, признавам, направив грешка, вели тој.

Неколку гласови од опозицијата се кренаа по овие откритија. Адриен Кватененс, национален координатор на Непокорна Франција, го впери прстот кон можните судири на интереси. -Светот на осигурувањето, не заборави да ги објави своите врски со пензиската реформа подготвена од Жан-Пол Делевој, напиша тој на Твитер.

Валери Бојер, пратеник ЛР,  се жали дека „Макронијата има нешто очајно во својата постојаност да дава морални лекции и да верува дека е над правилата”.

-Денес е Делевој, Г-динот Пензија  кој„ заборави “да ги објави своите врски со светот на осигурувањето. Кој ќе биде следен? “, прашува таа.

Ова откритие доаѓа кога премиерот Едуар Филип се подготвува целиот викенд за неговиот говор пред Економскиот и социјалниот и советот за заштита на средината во среда, кога треба да ги објасни одредбите на пензиската реформа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот