Пола милион луѓе во Тексас сè уште се без топла вода

Фото: EPA-EFE/Ralph Lauer

Повеќе од пола милион жители на американската држава Тексас сè уште немаат топла вода, бидејќи надлежните служби сè уште не успеале да ги поправат водоводните цевки, иако снежното невреме во Тексас престана пред осум дена.

Вкупно 509.206 лица се без топла вода до неделата вечер, соопшти Комисијата за квалитет на живот во Тексас (TCEQ), јави „Си-Ен-Ен“.

Пасторката Мерилин Дејвис ја помина целата недела собирајќи вода во полициската станица за да им ја достави на членовите на заедницата кои имаат потреба.

– Беше многу, многу тешко. Живеам во стан во зграда, каде што воопшто немавме вода и тешко ни е. Толку многу луѓе на едно место, без вода, рече Дејвис.

Голема снежна бура го погоди Тексас пред околу десетина дена, по што милиони луѓе останаа без струја и вода, а имаше и жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот