Пола Европа ја посакува ѕвездата на Јуве од 100 милиони евра

Федерико Киеза моментно е на позајмица во Јувентус од редовите на Фиорентина/Фото: EPA-EFE/Frank Augstein

Како што информира „Гаѕета дело Спорт“ најголемите европски клубови се во трка за обезбедување на услугите на Федерико Киеза (23).

За играчот на Јувентус веќе долг период интерес покажува Ливерпул, а сега во игра се и Реал Мадрид, Челси и Њукасл.

На крајот од сезоната, Киеза ја завршува двегодишната позајмица (од Фиорентина), по што Јуве има опција да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра. „Старата дама“ со сите сили ќе се обиде да го задржи фудбалерот во своите редови бидејќи најголемите европски клубови ќе направат сè за да го ангажираат.

„Гаѕета“ тврди дека Ливерпул веќе долго време се распрашува за Киеза, а Челзи наводно веќе понудил 100 милиони евра, што Јувентус ги одбил, но клубот на Абрамович подготвува поголема понуда следното лето. Проблем за сите заинтересирани ќе биде Њукасл, кој нема да има проблем да ги следи понудите на другите клубови, но најголем проблем за сите нив ќе биде да го убедат Киеза да ја напушти Италија.

Киеза досега одигра 50 натпревари за Јувентус и запиша 16 голови и 11 асистенции. Тој постигна четири гола на 35 настапи за италијанската репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот