Пол си оди од Хјустон, доаѓа фантастична ол стар замена – Слободен печат
КошаркаСпорт

Пол си оди од Хјустон, доаѓа фантастична ол стар замена

Во караницата помеѓу Џејмс Харден и Крис Пол, победник е „брадата“ кој летово би можел да добие фантастичен кошаркар.

Познатиот новинар на ЕСПН, Адријан Војнаровски тврди дека на стартот од преодниот рок, на 1 јули, се очекува Хјустон рокетс и Филаделфија сиксерс, да ги разменат своите ол стар кошаркари.

Според Војнаровски, Хјустон е подготвен во Филаделфија да ги прати Крис Пол и Пи Џеј Такер, додека за возврат би го добил Џими Батлер. За Хјустон ова е единствена можност да дојдат до ол стар кошаркар, да се откажат од Крис Пол кој во плејофот влезе во вербална расправија со првата ѕвезда на екипата, Џејмс Харден.

Филаделфија е подготвена да се бори за Батлер, и тоа со нудење на максимален договор, 190 милиони долари за пет години или 146.5 милиони долари за четири години. Доколку успее да се договори со Батлер, Филаделфија тогаш најверојатно ќе остане без двајца кошаркари од првата петорка, Џеј Џеј Редик и Тобајас Херис.

Џими Батлер во Филаделфија пристигна во текот на минатата сезона и од Минесота во размена со која Шариќ и Ковингтон заминаа во обратен правец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close