Пол позиција за Ботас на Силверстоун – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Пол позиција за Ботас на Силверстоун

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ќе тргне од најдобрата позиција пред трката за Големата награда на Велика Британија во Формула 1 шампионатот.

Ботас во Силверстоун беше подобар од тимскиот колега Луис Хамилтон кој за првпат после пет години ќе стартува од второто место.

Хамилтон заостана само шест илјадити делови од секундата зад првопласираниот. Ботас го имаше најбрзиот круг од една минута и 25,093 секунди, а трет заврши членот на Ферари, Шарл Леклер.

Вториот возач на Ферари, Себастијан Фетел в недела ќе стартува дури од шестата позиција.

Пред Германецот е дуото на Ред Бул кое исто така имаше добри квалификации, Ферстапен и Пјер Гасли. Во Топ 10 се наоѓаат уште Рикардо, Норис, Албон и Хулкенберг.

Трката за ГН Велика Британија е на програмата утре со почеток од 15.10 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close