Пол позицијата за Хамилтон, Британецот доби подарок од Ферстапен кој се заби во оградата

Хамилтон че стартува од пол позицијата на утрешната трка во Џеда, Саудиска Арабија/ фото: EPA-EFE/STR

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Саудиска Арабија.

Британецот на патеката во Џеда стигна до петтата позиција оваа сезона, а вкупно 103 во кариерата, со нешто повеќе од една десетинка предност во однос на клупскиот колега Валтери Ботас. Најголем губитник во квалификациите е лидерот во генералниот пласман, Макс Ферстапен од Ред Бул кој во последниот круг направи грешка и се заби во заштитната ограда.

Холанѓанецот на крајот мораше да се задоволи со третата стартна позиција, со 142 илјадити делови од секунда зад Хамилтон.

Од четвртото до десеттото место се пласираа Шарл Леклер, Серхио Перез, Пјер Гасли, Ландо Норис, Јуки Цунода, Естебан Окон и Антонио Џовинаци.

Пред последните  две трки сезонава, Ферстапен има осум бода предност пред Хамилтон. Стартот на трката за ГН на Саудиска Арабија е утре од 18.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот