Пол Погба на чекор до спектакуларен трансфер!?

фото: твитер

Французинот веќе подолго време бара да си замине од „Олд Трафорд,“ сметајќи дека клубот не е во состојба да се натпреварува против најдобрите.

Трансферот на Пол Погба (27) од Манчестер јунајтед во Јувентус се приближува до реализација, објави францускиот весник „Л`Екип“.

Погба веќе подолго време бара да си замине, бидејќи смета дека Манчестер јунајтед не е во состојба да се натпреварува со најдобрите англиски и европски клубови.

Неговиот договор истекува следното лето и на „Олд Трафорд“ знае дека претстојниот преоден рок е последната шанса да ги зграби парите како отштета.

Јувентус, од друга страна, сака да дојде што е можно поевтино и затоа, како дел од трансферот, го нуди играчот од средниот ред Адриен Раби, кого го добија бесплатно минатата година, но кој не успеа во Јуве.

Доколку се случи овој трансфер, Погба ќе стане единствен случај во модерната фудбалска ера. На 16 години дојде во фудбалската академија на Манчестер јунајтед. Тој не доби шанса во англискиот клуб, па во летото 2012 година се пресели во Јувентус каде што многу се повеќе се покажа неговиот квалитет.

Но, потоа во 2016 година се врати во Манчестер јунајтед, кој за него плати 105 милиони евра, што беше рекорден фудбалски трансфер во тоа време. И сега Погба би можел повторно да се врати во Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот