Пол Погба ќе го раскине договорот со Јувентус
Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба се согласи да го раскине договорот со Јувентус и наскоро ќе стане слободен агент, објави „Скај Спортс“.
Двете страни постигнаа договор со кој ќе се официјализира разделбата меѓу нив.
Поранешниот француски репрезентативец сакаше да се врати во тимот на Старата дама откако неговата забрана за допинг беше намалена од четири години на 18 месеци.
Клубот, сепак, има други планови. Желбата на Торино е да се ослободат од платата на Погба која е во висина од осум милиони евра по сезона.
Преговорите меѓу Јуве и претставниците на Погба се во напредна фаза. Французинот има договор до летото 2026 година, но најверојатно ќе го раскине. Тој доби понуди од Англија, Саудиска Арабија и САД, а Интер Мајами се смета за фаворит за неговиот потпис.
По веста за казната на Погба, Јувентус му ги замрзна платите на својот фудбалер и тој добиваше минимална плата од 2.000 евра месечно.