Пол Џорџ доби нов договор и 226 милиони долари од Клиперс
Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Пол Џорџ потпиша максимален договор вреден 190 милиони долари, потврди неговиот агент, Арон Минц.
Џорџ вклучувајќи ја и оваа сезона која му е последна од актуелниот договор вкупно ќе заработи 226 милиони долари во наредните пет сезони.
The Clippers are extending George’s contract for an additional four years, $190M on top of the $35.4M guaranteed him in the 2020-2021 season. George will have a new player option before the 2024-2025 season, Mintz said. https://t.co/3zrOc53WFT
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) December 10, 2020
Ол стар крилото имаше можност да го напушти тимот на ЛА клиперс идното лето, но тој се одлучи да потпише нов четиригодишен договор и заедно со соиграчот Каваи Ленард да се обиде да ја освои титулата која е во витрините на градскиот ривал, ЛА Лејкерс.
Следен чекор на управата на ЛА клиперс е да потпише нов договор и со најдобриот играч во својот тим, Каваи Ленард кој има опција идното лето да стане слободен играч.
Пол Џорџ во 10 сезони во НБА лигата како члем на Индијана пејсерс, Оклахома сити тандерс и ЛА клиперс има просек од 20 поени, 6.4 скокови и 3,4 асистенции по натпревар.