Покренато обвинение против три лица за продажба на марихуана

Тројцата, од почетокот на месецов, набавиле наркотична дрога марихуана, од која дел им била наменета за лична употреба, а дел за препродажба на други лица на подрачјето на Гостивар и околните села.

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица, албански државјани, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело  – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Тројцата, од почетокот на месецов, набавиле наркотична дрога марихуана, од која дел им била наменета за лична употреба, а дел за препродажба на други лица на подрачјето на Гостивар и околните села.

При претрес во собата во која престојувале осомничените на 13 февруари, полициските службеници пронашле околу 227 грама марихуана во повеќе најлонски пакувања, дигитала вага и дробилица. Извршената проверка покажала дека лицата на возраст од 28, 20 и и 34 години не оствариле легален влез преку граничен премин на територијата на државава.

Прочитајте и...  Починато лице донесено во штипската болница

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави Предлог за определување краткотраен притвор за тројцата осомничени. Судот го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор од 48 часа.

По комплетирање на предметот со резултатите од наредените вештачења, Основното јавно обвинителство Гостивар ќе достави до Судот нов предлог за определување мерки за обезбедување на осомничените.

Прочитај повеќе

Сообраќајка на патот Неготино-Кавадарци

Уапсен убиецот од Глумово

Почина затвореник од „Идризово“

Повреден возач на градежна машина

Починато лице донесено во штипската болница

Во стан во Велес пронајдени мртви мајка и син

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Утринава почина градежен работник од Штип

Миа Агенција

Три лица во Тетовско го прекршиле полицискиот час

Жител на Горно Коњаре осомничен за обид за убиство и за напад врз полициски службеници

Слободен печат

Триесетдневен притвор доби жител на Пирок кој синоќа повреди полицаец

Слободен печат

Во простории на старо училиште силувано дете, ОЈО Гостивар бара притвор за сторителот

Слободен печат

Жител на тетовски Пирок повредил полицаец