Покрената тужба против „Гугл“ за шпионажа

Простории на Гугл во Кина /Фото: Профимедиа

Тужбата поднесена во Окружниот суд во Албакерки, посочува дека пакетот образовни услуги – „Гугл едјукејшн”, кој ги промовира школите, учителите и родителите, е всушност алатка за шпионирање деца, како и нивните семејства.

Државниот обвинител на американската сојузна држава Ново Мексико ја обвини компанијата Гугл за неовластено прибирање лични податоци на деца, кршејќи ги државните и сојузни закони.

Тужбата поднесена во Окружниот суд во Албакерки, посочува дека пакетот образовни услуги – „Гугл едјукејшн”, кој ги промовира школите, учителите и родителите, е всушност алатка за шпионирање деца, како и нивните семејства.

Главниот државен обвинител Хектор Балдерас смета дека, иако оваа компанија го рекламира пакетот како вредна алатка за школите, тоа е средство за следење што децата гледаат на интернет на училиште и дома на приватните интернет-мрежи. Според наводите, така се скенираат сите информации, како местоположби, посетени интернет-страници, видеозаписи, зачувани лозинки и листи контакти.

– Следењето податоци на учениците без согласност на родителите, не е само незаконско, туку и опасно, додава Балдерас.

Гугл ги отфрла наводите како погрешни, дообјаснувајќи дека пакетот им овозможува на школите контрола на пристапот до профилите и изискува училиштата да имаат согласност од родителите кога тоа е нужно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот