Покрената истрага за реновирањето на резиденцијата на Џонсон, премиерот тврди дека лично го платил

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: EPA-EFE/Pippa Fowles / No10 Downing Street HANDOUT The Image can not be altered in any form. HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Регулаторот на британските политички партии денеска објави дека покрена истрага за реновирањето на резиденцијата на премиерот Борис Џонсон.

Тој тврди дека реновирањето на Даунинг стрит лично го платил.

– Јас лично го платив реновирање на Даунинг стрит, истакна Џонсон.

Тој додаде дека „целосно го почитувал” кодексот на однесување што важи за владејачките партии, како и дека се советувал со официјални лица за ова прашање.

Покрај случајот за реновирање, Џонсон е обвинет неговата шокантна изјава против воведување на нов карантин во земјата. Дејли меил во понеделникот пренесе дека Џонсон на состанок во октомври наводно изјавил „Нема веќе е…о затворање, нека се натрупаат илјадници тела”.

Британскиот премиер денеска пред Парламентот негираше дека изјавил такво нешто.

– Карантинот е страшна работа, но морам да кажам дека мислевме дека немаме друг избор, посочи Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот