Покрената истрага против Курц

Себастијан Курц
Себастијан Курц / Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц и неговите најблиски соработници се осомничени дека со пари на даночните обврзници плаќале медиумите да објавуваат позитивни вести за Курц и за неговата партија Австриска народна партија (ОВП), соопшти денеска австриската Канцеларијата на државниот обвинител за економски прашања и корупција (ВКСТА).

Според истражителите постои сомнение дека на агенциите за испитување на јавното мислење им се исплаќале средства од новото Министерство за финансии за „исклучиво партиски мотивирани, понекогаш наместени анкети” во интерес на Курц.

Покрај тоа, јавните пари биле исплаќани за рекламирање во еден медиум.
Австрискиот весник „Дер Стандард” претходно објави дека вредноста на договорот за рекламирање и соработка изнесувал 1,3 милиони евра.

Владејачката ОВП и осомничените медиуми ги негираат обвинувањата.

Обвинителите денеска извршија претреси во седиштето на ОВП, во Владата и во Министерството за финансии

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот