Покрај затворската казна за Санадер, парична за партијата: ХДЗ ќе плати околу 460.000 евра за случајот „Фими медиа”

Фото: EPA/STR

Владејачката Хрватска демократска унија (ХДЗ) е казнета со 3,5 милиони куни (околу 460.000 евра) од Жупанискиот суд во Загреб, а ќе и бидат одземени вкупно 14,5 милиони куни (1,9 милиони евра) за случајот со маркетинг агенцијата „Фими Медиа”.

Поранешниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ, Иво Санадер, денеска е прогласен за виновен и осуден на осум години затвор за извлекување пари од маркетинг агенцијата. Во овој случај, неговата партија ХДЗ беше прогласена за одговорна за корупција.

Во пресудата, меѓу другото, се наведува дека Санадер, во својство на поранешен премиер и претседател на ХДЗ, со неговите соработници Младен Баришиќ и Бранка Павошевиќ, организирал група луѓе да извршат злосторства.

Наведено е дека во периодот од 2005 до 2009 година, Санадер за да добие материјална корист и наредил на Павошевиќ во деловните книги да не ги бележи парите што му се предадени на Баришиќ.

Баришиќ е осуден на две години и 10 месеци затвор, а Павошевиќ на вкупно една година и четири месеци затвор.

Дел од парите на ХДЗ се веќе блокирани и станува збор за два милиона куни (265.000 евра) и уште 300.000 евра што ќе бидат префрлени во државниот буџет по правосилноста на пресудата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот