Покрај за првачињата и уписите на децата во градинка ќе се вршат онлајн

Детска градинка. / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Покрај тоа што наскоро ќе биде возможно и онлајн запишување на првачињата, слична процедура ќе се применува и при пријавување на децата во градинка, а и ранг листите на примени дечиња исто така ќе можат да се видат онлајн.

Покрај овие две новини, во областа на дигитализацијата во образованието влегуваат уште неколку работи, како нов систем за дигитално аплицирање наконкурсите за стипендии за ученици и студенти, како и за прием во студентските домови, дигитално нострифицирање на странски свидетелства и дипломи, но и можност за онлајн аплицирање на општините до МОН за инфраструктурни проекти и реновирање на училиштата.

Царовска: Од септември онлајн запишување на учениците од прво одделение

Сето ова беше претставено на денешената конференција на Центарот за управување со промени (ЦУП), каде покрај министерката за образование и наука учествуваше уште и Јетон Шаќири, министерот за информатичко општество, како и заменик амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Доминик Отвеј.

– За нас дигитализацијата во образованието е приоритет и е нешто на што работевме интензивно. Сите земји кои не се дигитализираат заостануваат, а ние како земја во развој треба да фатиме два пати побрз чекор и да се случи итна трансофмрација. Ако до лани сметавме дека школите не се поврзани со интернет и немаме компјутери, видовме дека тоа не е така – изјави Царовска, по што беа презентирани новите онлајн услуги кои веќе се достапни, како и оние кои ќе им се овозможат на граѓаните во следниве неколку месеци. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот