Покрај тоа што кажува добри вицеви, Сашко Коцев знае да биде и романтичен: Актерот со фотка од него и сорпугата Смиљана ја одбележа годишницата од бракот! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Познатиот актер Сашко Коцев ретко објавува фотографии на социјалните мрежи од својот приватен живот, но овојпат имаше посебна причина за да го направи тоа.

Имено, Коцев сподели фотографија направена пред осум години, односно направена на денот кога со неговата сегашна сопруга Смиљана го изиграа првиот свадбен танц.

Фото: Инстаграм

Дека Сашко Коцев освен тоа што е добар актер и има неверојатна смисла за хумор, тој исто така знае да биде и многу романтичен.

Веруваме дека многумина од вас се сеќаваат како тој ја побара за сопруга неговата Смиљана.

Тоа беше на една „Златна бубамара“, кога од нигде-никаде Сашко ја покани Смиљана од публиката да се качи на сцена и пред целата македонска јавност клекна и ја побара за своја сопруга.

Тие во 2017 година станаа и родители на малечката Јоана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот