Покрај препораките на СЗО, Израел продолжува да ги вакцинира луѓето со трета доза

Семејство пешачи во испразнетиот центар на Тел Авив / 29 април 2020, Тел Авив, Израел / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

И покрај препораките на СЗО, кои уште стојат на ставот дека нема потреба за трета доза на вакцина, Израел продолжува да го прави спротивното. 

„Израел прави голема услуга на светот, испитувајќи ја на своето население ефективноста на третата доза вакцина“ истакна вчера израелскиот премиер Нафтали Бенет. 

Кога повеќето од западните земји стремат на ревакцинирање на своето население со втора доза вакцина, Израел во петокот веќе започна кампања на вакцинирање со трета доза, во главно Фајзер и БиоНТек, на лицата постари од 60 години. 

Претседателот Исак Херзог и поранешниот премиер Бенџамин Нетанјаху веќе ја примија третата доза која би требало да го засили нивниот имунитет, заштитувајќи се од делта сојот. 

Во прес конференцијата на Бенет тој ја бранеше одлуката на владата за вакцинирањето со трета доза. 

„Не работиме само за нас. Ние сме од една страна, мала земја, па тоа нема да има влијание на светските залихи, а од друга страна, ќе добиеме корисни информации и веднаш ќе ги размениме со остатокот од светот“ вели Бенет. 

Моментално 58% од вкупното население на Израел има примено две дози, а тие бројки кај лицата над 60 години изнесува 90%. 

Видео на денот