Покрај брегот, во водите на Вардар и од воздух се бара исчезнатиот возач кај Желино

Потрага по исчезнатиот возач/Фото: ЦУК

Согласно информациите во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од ангажираните субјекти – институции од Системот за управување со кризи (СУК) и денеска од раните утрински часови потрагата е продолжена и се засилува по лицето кое со приватно моторно возило „голф 4″ падна вчера во водите на реката Вардар кај мостот во село Желино.

Потрага по исчезнатиот возач/Фото: ЦУК

По добиени податоци од раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, од лице место на терен, во потрага до 14.30 биле вклучени пет лица од Полициската станица (ПС) Јегуновце, лица од Црвен Крст-Тетово, четири нуркачи од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пет вработени од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, шест вработени од Единицата на л9окалната самоуправа (ЕЛС) Желино, екипа од РЦУК Тетово. Истовемено е најавено пристигнување на специјализирана нуркачка екипа од Министерството за внатрешни работи (МВР), како и екипа на Криминалистичка полиција од СВР Тетово на МВР.

Масивна потрага по изчезнатиот возач/Фото: ЦУК

Од 14.30, според официјалните извештаи добиени во Дежурниот оперативен центар (ДОЦ) на Центарот за управување со кризи (ЦУК) на терен од пладне е пристигната екипа од ДСЗ Кочани со четири лица заедно со четири нуркачи од ДЗС Тетово, при што осум вработени  од ДЗС Тетово се во реката во потрага на исчезнатиот.  Исто така, во 13 часот од Единицата за брзо распоредување (ЕБР) е присутен тим од седум членови, а и други доброволци коишто вршат потрага на двете страни од коритото на реката Вардар.

Од страна на ЦУК има побарано еден хеликоптер од МВР и тој врши пребарување  од 13.30 часот по течението на реката, почнувјќи од местото на настанот.

Истовремено во потрагата се очекува интервенција од нуркачниот тим од МВР. Потрагата продолжува, а за нови податоци од лице место ќе ве известиме по добивање на информациите.

Извлечен „голф“ со кумановски таблички што падна во Вардар кај Желино, се трага по патниците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот